Vranec

Виното Вранец се карактеризира со темноцрвена боја со виолетова нијанса. Според олфактивната анализа виното остава впечаток на комплелексен мирис покажувајќи секундарни и терцијарни ароми, помеѓу кои се појавуваат зачинети ноти на мали црвени, шумски плодови (боровинка, црна рибизла), цреши и сливи. Виното е полусуво, се забележува пријатна киселост и присуство на елегантни танини.

Вранецот добро одговара со сите македонски јадења, црвено месо, месо на скара, чадено месо.

Се сервира на температура од 16-18°С.